Зошто ги обожаваме негативците во филмовите и сериите?

Дека антагонистите стануваат повеќе интересни од класичните протагонисти, ни покажуваат филмските адаптации на познатите бајки. Па, така многу ликови што ги памтиме како негативци во приказните добиваат нова перспектива.

Zosto ni se tolku interesni negativcite vo filmovite i seriite 01

Денешните серии не заостануваат зад филмовите, па малку по малку антагонистите стануваат херои во филмовите и сериите. Зошто ни се толку интересни негативците во филмовите и сериите?

За разлика од убавата принцеза или омилениот суперхерој, кои се најчесто се карактеризирани како морално совршени, негативците поседуваат поголем спектар на карактер и чувства. Како резултат на тоа, поголемо внимание се посветува на негативните ликови.

Во последниве години можеме да забележиме многу промени во приказот на филмовите и сериите. За разлика од постарите серии, каде една епизода има едно главно дејство, во новите серии едно дејство може да потрае еден циклус, а понекогаш и повеќе.

Последица на ваквиот приказ се психолошки побогати ликови.

Обидот на режисерите да ги постават негативците како главни носители на дејствието е чекор напред во промената на денешните филмови и серии.

Сите сме морално слаби на некој начин, па е некој вид на утеха кога на телевизија ќе видиме карактери кои се уште полоши од нас самите.

Особено се интересни психопатите, за кои секогаш нудиме некакво морално оправдување: тој умира, таков е поради околината, ги убива само лошите луѓе и сл.

Zosto ni se tolku interesni negativcite vo filmovite i seriite 03

Психопатите ни се најинтересни поради брилијантните идеи, манипулацијата и причината поради која се лоши. Повеќето од нас искрено не сакаат да предизвикаат болка на никого. Не разбираме што значи да се биде убиец, поради што тензијата помеѓу слободата и злото ни станува неверојатно фасцинантна.

Сите понекогаш замислуваме како би било да се живее без чувство на вина, срам и страв. Ова објаснува зошто во модерните серии психопатите не се само криминалци, туку и херои.

Zosto ni se tolku interesni negativcite vo filmovite i seriite 02

Зголемувањето на бројот на негативците во главните улоги е поврзано со интелектуалната сопственост. Сони ги има авторските права за снимањето на филмовите за Спајдермен, а Дизни за адаптација на бајките.

На крајот сè се сведува на фактот дека денешните филмови и серии се начин на кој големите компании заработуваат пари, со експлоатација на нашите интереси.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg