„Чернобил“ и уште 9 одлични серии во продукција на НВО кои вреди да ги изгледате

Не постои магија како онаа на добрата ТВ серија. Луѓето коишто се „навлечени“ на серии добро го знаат чувството – започнуваш со гледање и ветување дека ќе изгледаш само една епизода, а те разденува со помината половина сезона.

Chernobil-i-uste-9-serii-vo-produkcija-na-HBO-01.jpg

Продукциската куќа НВО нуди одлични ТВ серии за сечиј вкус. Ваше е само да одберете, а ние ги имаме следните 10 предлози за вас:

Westworld

Футуристичкиот парк е наменет за богати туристи, а управуван од страна на роботи – домаќини. Во паркот Вестворлд сите посетители може да ги оживеат своите најлуди фантазии, без оглед на тоа колку истите се забранети, морничави или чудни. Ова го прават со помош на вештачка интелигенција која делува во потсвеста.

Досега има 2 сезони, а премиерата на третата е закажана во 2020 година.

Chernobyl

Серијата која е апсолутен хит во последниов месец со причина се искачи на врвот и има неверојатна оценка од 9.7 од можни 10 на imdb. Историската драма во 5 делови е работена според вистински настани, прикажувајќи ја нуклеарната катастрофа во Чернобил во април, 1986 година и настаните кои следуваат веднаш по несреќата.

Вознемирувачко, морничаво и моќно, серија која не смеете да ја пропуштите.

Game of Thrones

Најозборуваната ТВ серија на сите времиња конечно заврши. Пред некоја недела го имавме финалето, круна на досегашните 8 сезони, која го подели мислењето на гледачите. Дали крајот на серијата беше доволно добар за оваа епска сага? Кој ќе седне на престолот на седумте кралства?

https://www.youtube.com/watch?v=522l0YE9hRQ

Barry

Бери Беркман е сосема просечен во работата којашто ја работи, прилично депресивен, со мислата дека е успешен во професијата. Тој се упатува кон Лос Анџелес со цел да го ликвидира актерот кој спие со сопругата на мафијаш. Она што на почетокот изгледа како скептична идеја се чини дека е одличен план, а Бери конечно го наоѓа своето место под сонцето.

Штотуку заврши втората сезона на серијата.

True Detective

Еве го нашиот предлог: задолжително изгледајте ја првата сезона со Метју Меконахи и Вуди Харелсон, слободно прескокнете ја втората (освен музиката која може да ја преслушате на интернет) и прејдете на третата сезона од оваа неверојатна детективска драма.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg