„Чернобил“ и уште 9 одлични серии во продукција на НВО кои вреди да ги изгледате

Big Little Lies

Само неколку денови нè делат од премиерата на втората сезона и возбудливите настани во малото Монтереј, Калифорнија со убиство во епицентарот. Дамите од првата сезона се повторно тука, но се приклучува вистинска актерска дива кон екипата – Мерил Стрип која ќе ја глуми мајката на Пери.

Silicon Valley

Делумно инспирирана од вистински настани, оваа комична серија ги следи авантурите на интровертниот компјутерски програмер Ричард и неговото друштво, кои се обидуваат да се збогатат со помош на нивните пронајдоци. Серијата има 5 завршени сезони, а се планира и шеста.

Veep

Џулија Драјфус ја толкува главната улога на поранешниот сенатор Селина Мајер, харизматичен лидер која е водечка ѕвезда во подем во нејзината партија. Нејзиното мото е „Политиката е за луѓето“, но откако ќе стане заменик-претседател ќе сфати дека ништо не е онака како што изгледа.

Six Feet Under

Постара, но одлична серија чија последна епизода се вбројува за една од најдобрите во историјата на ТВ сериите. Низ 5 неверојатни сезони одблиску ги запознаваме членовите на семејството Фишер кои поседуваат погребен дом. Траги-комична моќна драма која ќе фрли сосема поинаква светлина на нештото кое се нарекува живот.

https://www.youtube.com/watch?v=VT6Fq1ENb8s

Girls

Многумина ја споредуваат со Sex&The City, но Girls е серија со сосема поинаков концепт, иако во центарот на случувањата се повторно 4 пријателки. И тука завршуваат сите сличности со култната серија. Работена според сценариото на Лена Данам која ја толкува една од главните улоги, се анализира животот со сите негови убави, грди, смешни и тажни страни на 4 различни девојки кои се обидуваат да го пронајдат своето место.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg