10 возбудливи филмови со вештачка интелигенција што со задоволство ќе ги изгледате
Bicentennial Man (1999)
Ричард купува робот модел NDR-114, а неговиот син му го дава името Ендру. Со текот на времето роботот започнува да развива емоции и свесност. На семејството ќе му стане јасно дека нивниот робот не е само обична машина.
https://www.youtube.com/watch?v=wVANbG_PLKU
Robot & Frank (2012)
Френк е поранешен професионален крадец на накит. Тој добива робот на подарок од неговиот син, дизајниран да му помогне во секојдневниот живот. Тогаш Френк добива необична идеја да го вклучи роботот во неговата најнова кражба.
Terminator 2: Judgment Day (1991)
Ова е еден од ретките случаи кога вториот дел од филмот е подобар од првиот. Дејството се одвива 11 години по оригиналниот Терминатор, кога младиот Џон Конор кој е клучот за спасот на цивилизацијата е мета на убиство од страна на Терминаторот T-1000 кој може да го менува својот надворешен изглед.
Real Steel (2011)
Чарли е поранешен тренер на роботи кои учествуваат во меѓусебни борби. Заедно со неговиот син тој се обидува да состави и да тренира нов робот со цел да врати барем малку од славата која ја имал во минатото.
The Iron Giant (1999)
Оваа неверојатна анимација ќе ви ги стопи срцата. Во 1957 година, џиновски робот-вонземјанин ќе слета и ќе се урне во близината на еден мал град. Локалното 9-годишно момче Хогард ќе го открие роботот и тие наскоро ќе се спријателат.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





