10 возбудливи филмови со вештачка интелигенција што со задоволство ќе ги изгледате

Доколку сте љубител на роботи, андроиди, киборзи, или подобро кажано научно-фантастични филмови кои вклучуваат вештачка интелигенција, ја имаме вистинската листа за вас.

10-vozbudlivi-filmovi-so-veshtacka-inteligencija-01.jpg

Изборот вклучува и постари филмови, од кои три датираат од 1999 година, која очигледно се покажала одлична за овој жанр.

Доколку сте љубители на филмови со роботи, односно вештачка интелигенција тогаш со задоволство ќе ги изгледате следните 10:

I Am Mother (2019)

Специјално дизајниран робот се грижи за мало девојче уште од нејзиното раѓање. Нивната задача е повторно да ја населат Земјата со луѓе. Но, кога ненадејно се појавува натрапник пред нивниот дом, мисијата започнува да се заплеткува.

The Matrix (1999)

Апсолутен класик меѓу научно-фантастичните филмови со вештачка интелигенција. Што доколку реалноста која ја живеете е само илузија? Ова е прашањето кое го мачи Нео и тој наскоро ќе ја дознае вистината…

Ex Machina (2014)

Кејлеб добива неверојатна можност да го посети имотот на неговиот брилијантен директор. Во изолираниот дом тој ќе ја запознае Ева, неверојатно прекрасен робот што покажува тенденција за човечки способности, како свесност.

A.I. Artificial Intelligence (2001)

Дејвид е првото момче-робот кое е програмирано да сака. Откако ќе биде посвоен од страна на едно семејство, неговиот живот започнува да се комплицира. Тој не припаѓа никаде, ниту кај роботите, ниту кај вистинските деца… Дејвид тргнува во потрага по неговото место во светот.

I, Robot (2004)

Годината е 2035, кога секој дом има сопствен робот кој помага во извршувањето на задачите. Дел Спунер е детектив кој има лошо искуство со роботите и нема доверба во нив. Тој ќе биде назначен да го истражи убиството на еден од креаторите на овие роботи…

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg