Нови сезони и серии кои не смеете да ги пропуштите
Queer Eye (Сезона 4)
Петмината харизматични мажи се враќаат со нова, возбудлива сезона на преобразби, започнувајќи од физичкиот изглед, сè до ентериерот во домот. Рецепти за тоа како да си го подобрите животот во речиси сите сегменти и да се усреќите себеси, проткаени со хумор и многу топлина.
La Casa de Papel (Сезона 3)
„Професорот“ повторно се враќа во центарот на збиднувањата во третата сезона на хит серијата од шпанско говорно подрачје. Но, овој пат, целта не се парите. Овој пат, акцентот е ставен на семејството…
Suits (Сезона 9)
Во последната сезона од серијата, најавено е враќањето на Мајк Рос. Останува да видиме како ќе се развива врската помеѓу Дона и Харви и дали конечно ќе завршат заедно? По завршувањето на првата епизода од деветтата сезона на Suits закажана е премиерата на spin off серија насловена Pearson.
The Umbrella Academy (Сезона 1)
Обичен ден, 1989 година. 43 деца се раѓаат во различни делови на светот се раѓаат со натприродни моќи. Седум од нив се посвоени од страна на богат милијардер кој има цел да направи тим на мали супер херои од нив.
Сепак, едната од нив - Вања, се чини дека нема апсолутно никакви моќи. По смртта на нивниот татко, децата, сега веќе пораснати се принудени повторно да се вратат во семејниот дом и да се соочат едни со други.
Jessica Jones (Сезона 3)
Последната сезона од Џесика Џоунс ја следи супер хероината која има нов случај за решавање. Сезоната има 13 епизоди, а Нетфликс официјално ја откажа од понатамошно снимање.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





