Нови сезони и серии кои не смеете да ги пропуштите

На неделното филмско мени имаме неколку сосема нови серии и нови продолженија, односно сезони од сериите кои веќе ги обожаваме.

Novi-sezoni-od-seriite-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-01.jpg

Со огромно нетрпение ја очекувавме третата сезона од хит серијата Stranger Things која ги оправда сите наши високи очекувања.

Што друго интересно треба да погледнете?

Euphoria (Сезона 1)

Во центарот на тинејџерските збиднувања е Ру, млада девојка која веќе се има предозирано од наркотици и штотуку завршила со рехабилитацијата. Што се случува со младите луѓе кои се осамени, изолирани и живеат во свет како денешниот?

Серијата е по малку мрачна и напната, обработува чувствителни теми како употреба на наркотици, заплеткани семејни односи, депресија, трансродови операции, итн.

https://www.youtube.com/watch?v=vuAzkZIiGxI

Stranger Things (Сезона 3)

Третата сезона носи нов бран возбуда и напнатост во малиот град Хокинс. Ел и Мајк се лудо вљубени еден во друг, несвесни за новата опасност која им се заканува. Злото од „подземјето“ повторно се враќа во друга форма со нова мисија…

https://www.youtube.com/watch?v=YEG3bmU_WaI

Miracle Workers (Сезона 1)

Бог е фрустриран од ситуацијата на Земјата и решава да одмори од сите глупости на човештвото. Мислејќи дека се ближи крајот на светот, двајца решителни ангели од понизок ранг се обидуваат да одговорат на молитвите од луѓето и да го убедат „шефот“ да го спаси човештвото. Тие истовремено се обидуваат да им помогнат на двајца луѓе, Лора и Сем, да се вљубат еден во друг.

https://www.youtube.com/watch?v=bpWAyQQSm_k

DARK (Сезона 2)

Во втората сезона на германската хит серија, дел од случувањата се одвиваат во 1921 година, а дел во пост апокалиптичен свет во 2020 година. Јонас е „заглавен“ токму во него, во годината означена како „почетокот на последниот циклус“. Нови, заплеткани случувања во серијата која обработува патување низ времето.

Good Omens (Сезона 1)

Што се случува во серија кога ќе се здружат генијалниот Нил Гејман и (веќе покојниот, но подеднакво генијален) Тери Прачет кои се потпишуваат како креатори?

Со еден збор, лудило. Ангел и демон се здружуваат меѓусебно со цел да го спречат крајот кој му се заканува на светот. Двајцата треба да го пронајдат Антихристот, 11-годишно момче кое сè уште не е свесно дека тоа е главниот виновник за пропаста на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=hUJoR4vlIIs

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg