Колку се променија ликовите од Stranger Things од првата до последната епизода?


Колку се променија ликовите од Stranger Things од првата до последната епизода?

Џонатан Бајерс

Прво појавување: Сезона 1, епизода 1

Прв пат го гледаме Џонатан кога Џојс изјавува дека Вил не е во неговиот кревет. Во трета сезона го гледаме во неговиот кревет со Ненси, а потоа и на патот кон работа.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-09.jpg

Стив Харингтон

Прво појавување: Сезона 1, епизода 1

Прв пат го гледаме Стив како разговара со Ненси на училиште, а потоа се прикрадува во нејзината соба за да ѝ помогне да учи. Во трета сезона прв пат се појавува како вработен во Scoops Ahoy и неуспешно се обидува да флертува со девојки.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-10.jpg

Џојс Бајерс

Прво појавување: Сезона 1, епизода 1

Прв пат ја гледаме Џојс откако сфаќа дека Вил не си дошол дома претходната ноќ. Во третата сезона прв пат се појавува појадувајќи со Вил, кој ѝ вели дека никогаш нема да се вљуби како неговиот брат.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-11.jpg

Џим Хопер

Прво појавување: Сезона 1, епизода 1

Прв пат го гледаме Џим како оди на работа, не сфаќајќи дека наскоро ќе му се промени целиот свет. Во третата сезона првото појавување е кога им наредува на Ел и Мајк да ја држат вратата подотворена.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-12.jpg

Керен Вилер

Прво појавување: Сезона 1, епизода 1

Керен е мајката на Мајк што ја тера дружината да ја растури играта во првата епизода. Во трета сезона прв пат се појавува на базенот и му се восхитува на Били, па дури и размислува за неверство.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-13.jpg

Макс Мејфилд

Прво појавување: Сезона 2, епизода 1

Макс прв пат се појавува на часот по наука како „новиот ученик“ во училиштето на нашите херои. Прв пат се појавува во трета сезона кога се обидува скришно да влезе на кино со Мајк, Лукас и Вил.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-14.jpg

Били Харгрув

Прво појавување: Сезона 2, епизода 1

Прв пат го гледаме Били кога ја носи Макс на училиште. Тогаш сфаќаме дека му годат погледите на другите девојки. Во третата сезона прв пат се појавува како чувар на базен.

kolku-se-promenija-likovite-od-serijata-stranger-things-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Halloween маска инспирирана од хит серијата „Stranger things“ Ретки се оние кои останале рамнодушни и не поминале часови и часови пред ма...
Кој всушност беше главниот лик во „Friends“? Иако сите сакаме да веруваме дека сите шестмина беа главни ликови во серијата, н...
Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...