25 години од серијата „Мојот т.н. живот“, во чиј главен лик бевме вљубени сите

25 август, 1994 година. Премиерата на ТВ серијата „Мојот таканаречен живот“ (My So-Called Life) која нè внесува во животот на Анџела Чејс.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot-01.jpg

Како и секоја типична тинејџерка, таа има несогласувања со нејзината мајка, а своето бунтовништво го одразува преку драстичната промена на бојата на косата и изборот на сомнително друштво покрај себе. И секако, неизбежното вљубување во „лошото“ момче од училиштето.

Дали ви се верува дека поминаа цели 25 години откако за прв пат се вљубивме во младиот Џаред Лето кој го глумеше ликот на Џордан Каталано?

Прочитајте неколку интересни факти за оваа култна ТВ серија:

Алиша Силверстоун за малку ќе го глумела ликот на Анџела Чејс

16-годишната Силверстоун била најсериозниот кандидат за главната улога на тинејџерката, но на крајот продуцентите пресудиле дека е „премногу убава“ за да толкува некој толку сложен и конфузен лик. Наместо неа била одбрана 13-годишната Клер Дејнс.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (2).jpg

Рики Васкез е првиот лик на тинејџер кој отворено признал дека е хомосексуалец

Енрике „Рики“ Васкез кој го глумеше Вилсон Круз е првиот тинејџер кој отворено ја признал својата хомосексуалност на американската ТВ мрежа во серија.

Џаред Лето за малку ќе ја одбиел улогата

Џордан Каталано требало само да се појави во првата пилот епизода на серијата. Но, во моментот кога се појавил Џаред Лето на сетот, на сите им било јасно дека неговиот лик треба да продолжи да се развива.

Сепак, тој се двоумел дали да ја прифати улогата, бидејќи повеќе бил заинтересиран да го посетува уметничкото училиште отколку да глуми.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (3).jpg

Никогаш не го видовме фамозниот Тино

За време на целиот серијал Тино како лик постојано се споменуваше, но никогаш не се појави.

Серијата е снимена во вистинско средно училиште

Името на училиштето е секако измислено, Liberty High School. Но, локацијата е реална. Серијата била снимена во University High School во Лос Анџелес. За време на снимањето распоредот на вистинските ученици и професорите постојано бил менуван за потребите на серијата.

Во истото училиште се снимени и 7th Heaven, Joan of Arcadia и Arrested Development.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (1).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg