10 понови хорор филмови што вистински го дефинираат жанрот
Bone Tomahawk (2015)
Ова е како комбинација од хорор, комедија и вестерн филм, со голема доза насилство. Филмот започнува со брутално убиство на еден пар – сцена што добро ќе ве подготви за остатокот од филмот. Овој филм дефинитивно не е за оние со слаб стомак.
Midsommar (2019)
Филмот е сместен во идилично шведско село. Млад американски пар наидува на проблеми во врската, па одлучуваат да заминат на шведскиот фестивал Midsommar. Но нивниот рај набрзо се претвора во ужасен хорор.
Hereditary (2018)
Овој филм има толку многу заплети и неочекувани моменти, што нема да се опуштите до самиот крај. Филмот ја следи приказната на семејство кое се справува со загубата на сакана личност. Но, ова води до уште една загуба и неколку ужасни откритија.
Филмот е вознемирувачки, и физички и психички, и навистина вреди да го изгледате.
A Quite Place (2018)
Главната тема во овој филм е тишината. Приказната е за семејство кое живее во свет со суштества кои многу брзо го убиваат секој што ќе го сретнат, а нивниот слух е толку развиен, што дури и најмалиот звук ќе им ја открие вашата локација.
Па, семејството треба да избегнува да прави каква било врева, и тоа по секоја цена.
The Lighthouse (2019)
Во главната улога ги гледаме Роберт Патинсон и Вилем Дафо кои се чувари на светилник. Овој пат чудовиштето не е никој друг, туку нивите кошмари и нивното полудување. Премиерата на филмот е закажана за 18-ти октомври, па немојте да ја испуштите.
Спирова С. | Црнбело
Би можело да ве интересира:





