Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 понови хорор филмови што вистински го дефинираат жанрот

Дали и вам ви е проблем да најдете некој нов, но и добар филм? Факт е дека сè поретко гледаме филмови со нови идеи кои вистински ќе ви го задржат вниманието, па дури и ќе ве инспирираат.

10-ponovi-horor-filmovi-shto-vistinski-go-definiraat-zhanrot-01.jpg

Можеби хорор филмовите нема да ви бидат инспирација, но денес дефинитивно е тешко да најдете добар хорор филм.

За среќа, постојат некои понови хорор филмови што навистина го дефинираат овој жанр.

Birdbox (2018)

Овој необичен филм користи изолирање на сетилата за да предизвика страв кај гледачите. Во главната улога ја гледаме Сандра Булок, која сака да пренесе две деца на безбедно.

Светот во којшто живее таа е опустошен од зло кое ги тера луѓето да извршат самоубиство. За да го избегнат чудовиштето, ликовите не смеат да го погледнат, па во текот на речиси целиот филм нивите очи се преврзани.

Филмот доби разни критики, но сигурно ќе ве држи на прсти до самиот крај.

Hush (2016)

И во овој филм ќе бидете соочени со изолирање на сетилата. Филмот се фокусира на животот на глувонема жена која работи како писател.

Нештата тргнуваат на лошо кога на нејзиниот прозорец се појавува маж со маска.

И овој филм го користи инвалидитетот на главниот лик за да предизвика навистина неудобна атмосфера.

The Witch (2015)

Овој филм е сместен во минатото и поголемиот дел од хоророт е психолошки – нешто што неретко е пострашно од чудовиштата. Филмот ја следи приказната на семејство од 17-тиот век кое се обидува да открие каде исчезнало нивното новородено бебе.

Филмот е бавен и ќе ве тера да размислувате, па вреди да му дадете шанса.

The Babadook (2014)

Чудовиштето во овој филм најпрво се појавува како главен лик во детска книга. Главните ликови се мајка и дете кои треба да се справат со теророт што им го приредува чудовиштето.

Во филмот можеби има неколку клише моменти, но некои сметаат дека приказната има подлабоко значење. Наводно, чудовиштето е метафора за депресија или тага.

It Follows (2016)

Музиката во филмот ќе ве врати во златната ера на хорор филмовите - периодот кога излегоа класиците како Friday the Thirteenth и Halloween. Токму поради ова, овој филм е совршен за оние кои уживаат во ретро хорор филмовите.

Ова е приказна за чудовиште кое постојано ја следи својата жртва. Чудовиштето може само да оди, но штом ќе ја стигне жртвата, тоа е крај за неа. За жртвата да го избегне чудовиштето, мора да има секс со некој друг, па чудовиштето ќе почне да го следи него.

Погледнете ги останатите филмови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg