Halloween маска инспирирана од хит серијата „Stranger things“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
RECEPCIONERI/KI 27-01-2020
Планер 27-01-2020
Сервисер 27-01-2020


Halloween маска инспирирана од хит серијата „Stranger things“

Ретки се оние кои останале рамнодушни и не поминале часови и часови пред малите екрани гледајќи една од најпознатите серии на Netflix „Stranger things“.

halloween-maska-inspirirana-od-hit-serijata-stranger-things-01.jpg

Приказна за еден мал град кој во себе крие чудна мистерија, исчезнување на младото момче Вил и сите тајни експерименти, застрашувачки и натприродни сили по повод неговото пронаоѓање придонесоа за тоа околу оваа серија да се крене огромна прашина.

Главната улога ја носи младата и несопирлива Елевен која побегнува од Националната лабораторија Хокинс каде што врз неа се вршат разни експерименти поради нејзините наследни психокинетички способности и е целосно лишена од социјализација.

Серијата „Stranger things“ се состои од три сезони кои иако меѓусебно се надоврзуваат, секоја од нив тежнее кон нова приказна и воедно нова авантура низ која поминуваат главните ликови.

Низ сите три сезони се среќаваме со различни ликови чија улога носи своја тежина, но главното внимание е сконцентрирано на младите умни глави: Елевен, Мајк, Вил, Лукас, Дастин и Макс која ќе им се приклучи во втората сезона.

Заштитниците на овие умни, а често и луди глави се началникот Хопер, кој нешто подоцна ќе стане старател на Елевен и храбрата Џојс, мајката на Вил која е спремна на сѐ за да го врати својот син.

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 02 _630x250.jpg

Оваа извонредна, мистериозна серија се најде рангирана како втора најгледана серија на „Netflix“, додека пак во врска со третата сезона се огласиле најмалку 26,3 милиони Американци од најразлична возраст кои велат дека за време на викендите наоѓаат време за да изгледаат дури и по неколку епизоди една по друга.

Четвртата сезона на „Stranger things“ e веќе најавена од страна на продуцентот Шон Леви и се очекува да почне да се емитува кон крајот на 2020 година.

Со оглед на тоа дека се наближува ,,Ноќта на вештерките” односно Halloween, во продолжение споделуваме одлични маски инспирирани од истоимената серија.

Можеби токму овие фотографии ќе ве поттикнат да погледнете некоја од епизодите или пак слатко ќе ве насмеат:

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 03 _630x600.jpg

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 04 _630x650.jpg

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 05 _630x600.jpg

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 06 _630x600.jpg

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 07 630x600.jpg

„Stranger-things“,-odlichen-predlog-za-vashata-maska-za-prestojniot-Halloween 08 630x700.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Култни ликови од серии за кои без престан може да зборуваме Речиси секоја серија е пропратено со интересни моменти и ликови на кои долго вре...
Најдобрите ТВ мини серии од 2019 година за кои мора да најдете слободно време Ја „ситниме“ 2019 година, а таа нè изненади со одлични филмови и ТВ серии. Сепак...
Колку се променија ликовите од Stranger Things од првата до последната епизода? Stranger Things стана една од најгледаните серии на денешницата. Атмосферата што...