29 години од објавувањето на најдобриот божиќен филм на сите времиња - „Home alone“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
RECEPCIONERI/KI 27-01-2020
Планер 27-01-2020
Сервисер 27-01-2020


29 години од објавувањето на најдобриот божиќен филм на сите времиња - „Home alone“

Мирис на борови дрвја, ладен и крцкав снег, елки накитени со безброј шарени лампиони и светилки, подароци кои срце греат и покрај топлото чајче во рацете... Се чини сета таа магична идила не може да е посовршена.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 01 630x340.jpg

Но, како што велат, сепак постои јаготка на шлагот која умее да ја скоцка сета таа божиќна атмосфера и да ја направи уште послатка отколку што навистина е.

Станува збор за филм, но не само еден обичен филм кој ќе ни потполни час и половина од нашето време и за неполн месец ќе го заборавиме, туку филм кој веќе 29 години се протега на малите екрани ширум целиот свет и мами насмевки во најладните зимски денови.

Овие пофални зборови се препишани на единствениот „Home alone“ (Сам дома), филмот кој не познава старосни граници и кој по неколкупатното гледање сепак носи носталгична магија која ретко кој филм би можел да ја повтори.

Во продукција на Џон Хјуз, а во режија на Крис Колумбус, оваа американска комедија навистина го достигна својот врв.

Херојот во оваа приказна е малиот неранимајко Кевин Мекалистер, кој се случува постојано да е „заборавен“ од своето семејство.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 02 630x380.jpg

Во првиот дел на „Home alone“ тој на секакви снаодливи и мудри начини се обидува да ја заштити својата куќа и себеси од двајцата крадци Хари и Марв, откако случајно е оставен сам дома од семејството за време на божиќниот одмор.

Кевин смислува несекојдневни, врвни акции и стратегии, кои дефинитивно не соодвестуваат на годините коишто тој ги поседува.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 03 630x380.jpg

Начините на кои тој ги насамарува овие двајца помалку спретни антагонисти навистина предизвикуваат смеа и ни прикажуваат колку далеку можат да отидат детскиот ум и снаодливост, но од друга страна и човечката глупавост, која се доловува преку ликовите на Хари и Марв.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 04 630x380.jpg

Сепак, покрај сите неволји кои младиот Кевин ги совладува, тој на крајот доаѓа до еден заклучок: дека всушност и не е толку забавно да бидеш сам и дека семејството е секогаш на првото место.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 05 630x380.jpg

Вториот дел на „Home alone“ за првпат е објавен во 1992 година, по енормниот успех на првенчето од 1990 година.

Во овој дел Кевин е сигурен дека се ослободил од напорниот пар негативци, но Хари и Марв по нивното излегување од затвор пристигнуваат во Њујорк, со генијален план да ограбат голема продавница за играчки. 

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 06 630x380.jpg

Не знаејќи дека неговите стари противници се во градот, Кевин ужива да ја „празни“ кредитната картичка на неговиот татко, додека неговите родители безгрижно се одмораат на Флорида.

Средбата на лутите ривали е неизбежна. Овојпат, Кевин Мекалистер е сам во хотелот во Њујорк, но тоа не го спречува на брилијантен начин, со одлично осмислени тактики повторно да ги надитри двајцата партнери. Секако, неговата замисла е исполнета.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 07 630x380.jpg

Покрај вториот дел постојат уште три продолженија на „Home alone“, но со самото менување на главниот актер како обележје на овој филм, полека опаѓа и рангираноста на овие римејкови.

Всушност, вината за маестралноста се крие во умешноста и улогата на Кевин, односно на Меколи Калкин, кој со својата најголема популарност се здоби токму по играњето во овој филм.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 08 630x380.jpg

Еден од најинтересните податоци е всушност поврзан со локацијата на која е снимено ова маестрално дело.

Лоцирана на авенијата Линколн 671 во Винетка, Илиноис, кујната, главните скали и вториот кат кои се прикажуваат во филмот се снимени во оваа резиденција која ја сочинуваат вкупно 5 соби.

Трепезаријата и сите други соби на првиот кат, со исклучок на кујната, се снимени во студио.

Во 2012 година, Џон и Синтија Абендшајн, кои беа сопственици на овој дом кој е една од локациите на кои се снимаше филмот, ја продадоа куќата за цели 1,6 милиони долари.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 09 630x380.jpg

Несомнен е фактот дека филмот „Home alone“ уште долго време ќе ја зазема првата позиција како најгледан божиќен филм од неговото објавување па сѐ досега и ќе продолжи да ги сплотува семејствата пред малите екрани и да ги разведрува и расположува во зимските, студени мигови.

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 10 630x380.jpg

29-godini-od-objavuvanjeto-na najdobriot-Bozhikjen-film-na-site-vreminja -„Home alone“ 11 630x380.jpg

Во продолжение да се присетиме на трејлерите на оваа спектакуларна божиќна комедија:

„Home alone 1“ 

„Home alone 2“

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...
Најдобрите 10 нови серии од 2019 година 2019 година се покажа како многу солидна кога станува збор за премиерите на сосе...
Мистериозни пожари, натприродни сили, клетви - Страшни работи кои се случиле на снимање на хорор фил... Сите обожаватели на хорор жанрот ќе се сложат дека уживаат во страшните сцени, к...