10 празнични филмови што ќе ви ја стоплат душата во овој студен декември

Броиме „ситно“ до почетокот на 2020 година, некои од нас чекаат со душа да помине тековната година, додека за други можеби беше најдобрата досега. 

10-praznicni-filmovi-vo-ovoj-studen-dekemvri-01.jpg

Како и да е, овој студен декември е совршен за украсување на домот, дружба со најблиските, некаде на топло, каде што ќе уживате под светлината на сијаличките.

Организирајте празнична филмска вечер со многу вино и заокружете го овој декември со нашите предлози кои ќе ви ја стоплат душата:

The Man Who Invented Christmas (2017)

1843 година, Лондон. Писателот Чарлс Дикенс се соочува со финансиски проблеми откако неговите последни 3 романи доживуваат неуспех. Очаен да создаде хит-книга и потпирајќи се на инспирацијата во реалниот живот и неговата живописна имагинација, Дикенс ги создава култните книжевни ликови како Скруџ, малиот Тим и Божиќна песна.

The Christmas Chronicles (2018)

Кејт и Теди Пирс се брат и сестра кои се подготвуваат да го поминат Божиќ без нивниот татко. Тие прават план да го фатат Дедо Мраз на Бадник. Но, планот тргнува наопаку, а успехот на празникот и подарувањето сега е во рацете на Кејт, Теди и Дедо Мраз.

The Knight Before Christmas (2019)

Средновековен витез е транспортиран во сегашноста каде што ја запознава Брук, професорка во средно училиште која е разочарана од љубовта.

Frozen II (2019)

Елса, снежната кралица и нејзината сестра Ана тргнуваат во авантура далеку од кралството Арендел, во придружба на пријателите Кристоф, Олаф и Свен.

Last Christmas (2019)

Се чини дека сè оди наопаку во животот на Кејт, млада фрустрирана жена од Лондон која работи маскирана како Елф за време на празничната сезона. Но, животот дефинитивно ѝ станува многу поинтересен откако го запознава шармантниот Том кој се чини премногу добар за да биде вистинит.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg