10 празнични филмови што ќе ви ја стоплат душата во овој студен декември

Christmas with the Kranks (2004)

Семејството Кренк решава дека нема да го прославуваат Божиќ, а сите соседи се ужаснати од оваа идеја. Но, кога нивната ќерка ќе најави дека ќе ги посети за време на празниците, тие се во луда трка со времето со цел да организираат незаборавна прослава.

Noelle (2019)

Ќерката на Крис Крингл е полна со оптимизам, позитивна енергија и празничен дух, но посакува да направи нешто значајно додека нејзиниот брат се подготвува да го заземе местото на нивниот татко, Дедо Мраз.

The Holiday Calendar (2018)

Млада жена која работи како фотограф наследува антички адвент календар кој се чини дека има моќ да ја претскаже иднината. Тој полека ѝ го покажува патот кон среќата и љубовта во животот.

Bridget Jones’s Diary (2001)

Вистински класик помеѓу празничните, романтични филмови. Бриџит Џонс е сингл жена која ја ситни четвртата деценија од животот, безнадежно вљубена во својот претпоставен и незадоволна со својата тежина и насоката во која се движи нејзиниот живот.

Office Christmas Party (2016)

Новогодишната прослава на работното место излегува надвор од секоја контрола додека Клеј се обидува да ги импресионира новите клиенти и да ги задржи вработените кои неговата сестра сака да ги отпушти.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg