Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови и серии со антихерои и негативци кои потајно ги обожаваме

Сосема јасно е зошто ги обожаваме хероите во филмовите и сериите. Но особено интересно е кога најмногу сочувствуваме и го разбираме негативецот на филмското платно.

Filmovi-so-antiheroi-i-negativci-koi-potajno-gi-obozavame-01.jpg

Ги имате нашите 10 предлози на филмови и серии со едни од најдобрите негативци на сите времиња. Кој е вашиот омилен?

YOU – Џо Голдберг

Запознајте го Џо Голдберг, шармантен сопственик на мала книжарница во Њујорк. Тој е премногу добар за да биде вистинит. Во потрага е по љубов, а доволно е да фрли само еден поглед на девојката која влегува во неговата книжарница.

Гвиневир Бек станува неговата опсесија. Серијата има 2 завршени сезони, а се очекува и трета.

Maleficent: Mistress of Evil – Малефисент

Во новото продолжение, принцезата Аурора се подготвува да стапи во брак со принцот Филип. Сепак, неговата мајка, кралицата Ингрис има поинакви планови за нив и кралството.

Fleabag – Флибег

Девојката која има необично име се соочува со многу проблеми. Нејзината најдобра другарка е мртва, а кафулето кое го отвориле заеднички пропаѓа. Љубовниот живот ѝ е вистинска катастрофа, но во најголема опасност е нејзиното ментално здравје.

Sherlock – Мориарти

Авантурите на Шерлок Холмс и Џон Вотсон во најуспешната екранизирана, модерна верзија на класикот на Сер Артур К. Дојл. Зарем може да замислите посовршен и пошармантен негативец од Мориарти?

X-Men – Магнито

Најдобро е да започнете со трилогијата од 2000 година, пред да започнат другите алтернативни реалности на мутантите. Сер Иан МекКелен е најдоброто олицетворение на негативецот Магнито кој сите потајно го обожаваме.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg