10-те најдобри комедии на Адам Сендлер кои оставија траг во филмската индустрија

6. „Grown ups 1“, 2010

Пет пријатели од детството повторно се сплотуваат, носејќи ги своите семејства на викенд патување во една езерска куќа.

Поводот за нивниот собир во родниот град е поради погребот на нивниот поранешен тренер по кошарка од средно училиште.

Оваа комедија се смета за една од најгледаните комедии на Адам Сендлер.

7. „Just Go with It“, 2011

Брилијантна спојка на најдобрите: Џенифер Анистон и Адам Сендлер.

Сендлер во улогата на пластичен хирург ја убедува својата асистентка (Џенифер Анистон) да му се придружи заедно со неговата млада девојка на патување на Хаваите и меѓудругото да се претстави како негова поранешна сопруга.

Сакајќи да прикрие лага тој дополнително ја заплеткува ситуацијата, а расплетот кој следува навистина умее да задржи сечие внимание.

8. „Grown ups 2“, 2013

Приказната продолжува.

Овојпат Лени (Адам Сендлер) одлучува да се пресели во родниот град, заедно со семејството и пријателите.

Меѓутоа, кога ќе пристигне, тој се соочува со многу комични ситуации, додека неговите пријатели се борат и наоѓаат начини како да се справат со нивните проблеми.    

https://www.youtube.com/watch?v=H4y3ClGL7BA

9 „The Week Of“, 2018

Двајца татковци со тотално спротивни карактери се собираат за да ја прослават свадбата на своите деца.

Тие се „принудени“ да ја поминат најдолгата недела од својот живот заедно, а „големиот ден“ никако да пристигне.

Овој одличен филм можете да го гледате на платформата Netflix.

10. „Murder Mystery“, 2019

Повторно, спојка на врвното дуо од 2011-та.

Еден полицаец од Њујорк и неговата сопруга одат на европски годишен одмор, обидувајќи се да ја вратат „искрата“ во нивниот брак.

Случајна средба доведува до тоа да се најдат на јахтата каде што се случува убиство на постар милијардер.

Филм кој исто така можете да го погледнете на извонредниот Netflix.

Мила М. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат) Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и...
10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството Долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday, филмот инспириран од познатата иг...
10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот и...

Најчитани неделава