Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


10 серии што со нетрпение ги очекуваме оваа пролет

Noughts & Crosses

Ако сакате дистописки филмови и серии, тогаш сигурно ќе ви се допадне Noughts & Crosses.

Серијата е адаптација на истоимената книга од Малори Блекмен, а гледачите ќе имаат можност да видат како би изгледал 21-виот век ако општеството беше поделено според расите.

Во овој алтернативен универзум, привилегирани се луѓето со темна кожа, а опресијата ја чувствуваат луѓето со бела кожа.

Премиера: 5-ти март

Defending Jacob

Уште една серија направена според книга, овојпат од авторот Вилијам Ландеј.

Главната улога му припаѓа на Крис Еванс, кој го истражува убиството на соученикот на Џејкоб, неговиот син.

Проблемот настанува кога сите докази почнуваат да водат кон Џејкоб.

Премиера: 24-ти април

10-serii-shto-so-netrpenie-gi-ochekuvame-ovaa-prolet-02.JPG

Snowpiercer

Се сеќавате на филмот на Бонг Џон Хо од 2013-та? Годинава ќе имаме можност да ја погледнеме истата приказна како серија.

Дејството се случува откако Земјата е опустошена од екстремно ниските температури. Целата планета е замрзната, а 3000-те преживеани луѓе се наоѓаат на огромен воз кој вози без прекин.

Во возот се формира ново општество, каде што повторно има привилегирани луѓе и ниски класи.

Премиера: 31-ви мај

Self Made: Inspired by the Life of Madam CJ Walker

Оваа серија раскажува за првата афро-американка која станала милионер.

Таа била родена во 19-тиот век, набрзо после укинувањето на ропството. Нејзините родители умреле кога била многу млада, па самата морала да се избори за своето место во светот.

Главниот лик ѝ припаѓа на оскаровката Октавија Спенсер.

Премиера: 20-ти март

The Undoing

Ова е трилер во кој ќе имаме можност да ги видиме Никол Кидман и Хју Грант.

Серијата раскажува за терапевтот од Њујорк, Грејс Фрејзер, која има совршен живот, сè до мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг.

Премиера: Мај

https://www.youtube.com/watch?v=X4On_4gnKy0

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg