10 серии што со нетрпение ги очекуваме оваа пролет

Оваа пролет се очекуваат премиерите на многу нови серии, но според критичарите и гледачите само неколку ќе се истакнат над другите.

10-serii-shto-so-netrpenie-gi-ochekuvame-ovaa-prolet-01.jpg

Доколку веќе немате што да гледате, погледнете ги десетте серии кои кренаа најмногу врева и кои гледачите со нетрпение ги очекуваат:

Little Fires Everywhere

Ова е адаптација на истоимената книга, а главните улоги им припаѓаат на Рис Витерспун и Кери Вашингтон.

Главното дејство во серијата се одвива околу животот на навидум совршеното семејство Ричардсон и мајка и ќерка кои се обидуваат да ги променат нивните животи.

Серијата ќе обработува теми како „тежината“ на тајните, природата на уметноста и идентитетот, но и мајчинството.

Премиера: 18-ти март

https://www.youtube.com/watch?v=JWGkX8ClhBI

Mrs. America

Уште една серија со извонредна актерка во главната улога – Кејт Бланшет.

Серијата ја раскажува приказната за усвојувањето на амандманот за еднакви права на жените во САД во 70-тите. Антифеминистката Филис Шлафли ѝ се спротивставува на оваа инцијатива.

Ако сакате подобро да го разберете феминизмот, оваа серија веројатно ќе ви помогне во тоа.

Премиера: 15-ти април

The Great

Ова е серија за младоста и созревањето на Катерина Велика, императорката која владеела со Русија од 1762-ра година.

Главната улога ѝ припаѓа на Ел Фенинг, а креаторите ветуваат дека не само што серијата ќе биде исполнета со смешни моменти и прекрасни костими, туку ќе ни ја претстави Катерина во ново светло.

Премиера: 15-ти мај

Run

Двајца тинејџери имаат навистина необичен договор – штом едниот ќе му прати порака со зборот „Run“ (трчај, бегај), другиот мора да се упати кон Central Station. Оттука, пријателите тргнуваат на авантура.

17 години подоцна пријателите се веќе возрасни, а едниот од нив добива порака со зборот „Run“.

Премиера: 12-ти април

https://www.youtube.com/watch?v=_jwEiXdJGKM

Amazing Stories

Во 80-тите се емитуваше научно-фантастична серија, со елементи на фантазија и хорор, која беше направена според идеја на Стивен Спилберг.

Годинава ќе имаме можност да видиме нова верзија од овој проект, а според креаторите, серијата ќе им се допадне на фановите на серии како „Black Mirror“ и „The Twilight Zone“.

Премиера: 6-ти март

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg