5 одлични филмови + 5 нови серии кои ќе ве држат во целосна неизвесност

Little Fires Everywhere (2020 -)

Работен според романот на Селест Инг, „Мали огнови насекаде“ ја следи приказната на Елена Ричардсон која навидум има совршен живот, совршено семејство и дом. Но, со доаѓањето на Миа Ворен, мистериозна уметница и нејзината ќерка Перл, животите на двете семејства се вкрстуваат на најневеројатниот можен начин.

Во тек е првата сезона со 5 излезени епизоди досега.

https://www.youtube.com/watch?v=JWGkX8ClhBI

Godfather of Harlem (2019 -)

Гангстер по име Бампи Џонсон си го пробива својот пат во Харлем во текот на 1960-тите. Оваа серија е практично воведен дел на филмот од 2007 година, „Американски гангстер“ со Дензел Вашингтон, кој се фокусираше на злосторничкото претпријатие на Френк Лукас.

Watchmen (2019 -)

Доколку сте обожаватели на стрипот на DC Comics ќе уживате во оваа неверојатна серија чии настани продолжуваа онаму каде што застана филмот со истоимениот наслов од 2009 година.

Маскираните супер херои се третираат како криминалци од страна на властите. Полицајците се во опасност поради својата раса и токму поради тоа мора да носат маски. Во целиот тој хаос, некој има план да го лоцира најмоќниот човек на планетата, доктор Менхетен, но со каква цел?

Undone (2019 -)

Во оваа неверојатна анимирана серија за возрасни, 28-годишната Алма речиси ќе го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа. Таа наскоро открива дека може да манипулира со времето и дека може да ја открие вистината за смртта на нејзиниот татко.

The Stranger (2020 -)

Британската ТВ серија ги следи животите на семејства кои живеат во предградието, чии тајни и лаги се објавуваат со појава на мистериозен „странец“.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg