Спектакуларна најава за 6-тата сезона на „Преспав“ - помалку не ни очекувавме (фото+видео)
Ќе кине ли инспектор Томе казни поради мито, ќе биде ли каран Коста од страна на Ула поради флерт со други жени, ќе го пронајде ли принцот на бел коњ Јелена? Какви шпекулации открива тизерот за новата сезона?
Ах, ситно броиме.... Уште малку остана до повторната средба со нашите омилени Преспавци.
20-ти декември во 20:15 часпт на МРТ 1 е тајмингот кога ќе ја видиме првата епизода од новата сезона.
Ќе кине ли инспектор Томе казни поради мито, ќе биде ли каран Коста од страна на Ула поради флерт со други жени, ќе го пронајде ли принцот на бел коњ Јелена?
Во тизерот за новата сезона наместо одговори на овие прашања, добивме информации за проблеми со струја, за рушење на ѕидови, за скандали.
Изгледа Преспавци ќе имаат поинтензивни случувања од кога било. Тие самоуверено ќе одат со „глава низ ѕид“ и оваа сезона, најверојатно повеќе од кога било.
Погледнете го најавното видео:
ПРЕСПАВ Сезона 6 (Official Teaser Trailer)Луѓето мислат дека чудо е да левитираш или да одиш по површината на водата, но тие луѓе не гледаат Преспав 🤫 Чудата почнуваат од 20 декември во 20:15 на МРТ1, а ова е тизерот. 🙂 #Преспав #Сезона06
Posted by Преспав on Wednesday, December 8, 2021
Најавните фотки за 6-тата сезона, уникатни во нивен препознатлив стил:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


