Многу дрога и експлицитни сцени со средношколци: Како Euphoria стана најконтроверзната серија?
Третата сезона на Euphoria е остро критикувана дека оди во крајности со голотијата, секс сцените и користењето дрога. Некои сметаат дека експлицитните сцени не се воопшто потребни, а бидејќи во првите сезони ликовите се тинејџери, голотијата може да делува вознемирувачки.

Фановите на хит-серијата Euphoria чекаа четири години за новата, трета сезона, но уште по премиерата на првата епизода, серијата се соочи со остри критики.
Со Зендеја во главната улога, Euphoria важи за контроверзна серија уште од почетокот поради темите што ги обработува, како зависност од дрога, проблеми со менталното здравје, но и бројните сцени со секс и голотија кои некогаш се премногу експлицитни.
Додека на некои им се допаѓаше тоа што серијата е „брутално искрена“, со премиерата на новата сезона, и некои од најголемите фанови сметаат дека сега оди во крајности.
Експлицитните сцени се опишуваат како „деградирачки за актерките“, а сцените со насилство и дрога за некои се премногу вознемирувачки и некои сметаат дека третата сезона воопшто не требало да биде снимена.
А, изгледа дека и самата продукција на серијата е исполнета со скандали.
Како Euphoria се претвори во најконтроверзната серија?
Напомена дека во продолжение може да има спојлери за серијата.
Премногу голотија и секс сцени
Уште во првите сезони од Euphoria станува јасно дека голотијата е честа појава во серијата, но за некои проблемот е тоа што во повеќето сцени не е воопшто потребна.
Многу ликови се појавуваат без облека, а има сцени и на коишто се гледаат машки полови органи.
Уште побизарно е што генерално, ликовите во серијата се средношколци. Па, иако актерите се полнолетни, тие сепак глумат тинејџери.
Поради ова се имаат потпишувано и петиции од серијата да се отстранат сцените со голотија во кои ликовите се тинејџери.
И самите актерки некогаш се жалеле за голотијата.
Кеси, ликот што го глуми Сидни Свини, се појавува топлес неколкупати низ серијата, а актерката вели дека во низа сцени, воопшто немало потреба од тоа. Некогаш и таа одбивала да се соблече.
„Имаше моменти кога Кеси требаше да биде без блуза, но јас му велев на Сем (креаторот на серијата) дека нема потреба од тоа. Ќе ми речеше ’Во ред‘.
Но, тој никогаш не ме присилувал да снимам разголена сцена“, сподели актерката во 2022-ра.
Во трејлерот од третата сезона, пак, има и сцена каде што ликот на Сидни Свини е облечен како бебе, со цуцла, и стои во провокативна поза.
Поради оваа сцена, на социјалните мрежи многу луѓе споделија дека ќе ја бојкотираат третата сезона.