Многу дрога и експлицитни сцени со средношколци: Како Euphoria стана најконтроверзната серија?
Премногу дрога
Главниот лик во серијата е средношколка која по предозирање оди на рехабилитација.
Но, кога излегува од клиниката, дава до знаење дека не планира да остане трезна, па користењето дрога е една од главните теми во серијата.
Сепак, некои сметаат дека серијата пробува да го прикаже користењето дрога како нешто убаво.
Во 2022 година, американска организација која им помага на зависници изрази загриженост дека серијата го „велича“ користењето дрога кај средношколците.
Сепак, Зендеја, која ја има главната улога, сподели дека не се согласува со ова.
„Нашата серија воопшто не е морална приказна која сака да ги научи луѓето како да си го живеат животот или што треба да прават.
Ако ништо друго, Euphoria се надева дека ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат помалку сами во нивното искуство и нивната болка.
И, можеби да сфатат дека не се единствените кои минуваат низ нешто такво“.
Некои од сцените со дрога се и премногу вознемирувачки – прикажан е момент кога главниот лик се предозира, а има и ситуација кога е присилена да земе фентанил.
Бизарна анимирана секс сцена
Во првата сезона има бизарна анимирана секс сцена инспирирана од Хари Стајлс и Луис Томлинсон од One Direction.
Едниот од ликовите во серијата е анонимен и популарен автор на еротски приказни.
Во една од приказните, главните ликови се инспирирани од Хари Стајлс и Луис Томлинсон и тие имаат орален секс.
Приказната е прикажана во анимирана форма, а подоцна Луис Томлинсон сподели дека не се согласил сцената да се најде во серијата.
Впрочем, пејачите воопшто не биле контактирани или прашани дали може да ја објават бизарната сцена.
Токсична работна околина
Во 2022 година се појавија низа обвиненија за токсична работна околина на сетот на Euphoria.
Актерите се жалеле за долгите снимања, прекршување на нивните права, а некои се пожалиле и дека биле повредени за време на снимањето.
Статистите биле присилувани да работат по шест часа без пауза, а им го ограничувале и одењето во тоалет.
Сепак, креаторот на серијата го негираше сето ова, но една од актерките, Барби Ферера, одлучи и да ја напушти серијата.
Таа глуми плус-сајз девојка, а се шпекулираше дека креаторот сакал да направи нејзиниот лик да има нарушување во исхраната. Ова не ѝ се допаднало на Барби, па затоа си заминала.
Сепак, Барби го негираше ова, но не даде конкретна причина:
„Теориите на фановите се луди и најчесто не се точни. Моето заминување од серијата е заедничка одлука“.
Спирова С. | Црнобело