Вечерва во Преспав ќе гледате: Марио има корекција на усните – како е прифатена неговата тајна?

Јелена и Коста се во жестока, драматична ситуација, а тајната на Марио е откриена – што ќе се случува во епизода 4 и во секоја следна епизода од Преспав, читајте на CRNOBELO.com…

vecherva-vo-prespav-kje-gledate-mario-ima-korekcija-na-usnite-kako-e-prifatena-negovata-tajna-01.jpg

CRNOBELO.com како медиумски поддржувач на серијата Преспав, ексклузивно ќе ви открива мала доза пикантерии од секоја следна епизода на серијата Преспав. 

Откриваме мал дел од драмата која ќе се случува во пансион Преспав во четвртата епизода:

По сите перипетии со пожарите и поплавите, сега кога пансионот е возобновен, се размислува што да се направи на местото на карабината.

Се формираат два табори, едните мислат дека е најдобро да се направи финска сауна, другите сакаат гифт шоп. 

Гласаат, но ниедна опција нема мнозинство, па им треба уште еден глас.

Сфаќаат дека Марио не е тука, заминал преку ноќ. Се скарал со Тони за вакцинација, а на Јелена ѝ се налутил дека го издала дека правел корекција на усните.

Преспавци гледаат дека без Марио не можат да изгласаат опција, па на сите можни начини се обидуваат да го вратат и да го придобијат неговиот глас.

Марио се враќа, поставува неочекувани услови и барања, но на крајот ги „зезнува“ и на гласањето останува воздржан.  

Погледнете ја видео најавата:

Епизодата „Карабина“ гледајте ја вечерва во 20:15 на МРТ1.

Би можело да ве интересира:

10 празнични филмови на Нетфликс кои ќе ве стоплат во студените ноќи A Boy Called Christmas ако сте обожаватели на фантазија или A Christmas Prince а...
Дина Дума ја освои Nora Ephron Award: Tribeca ја препозна како силен женски авторски глас Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива Nora Ephron Award на Tribe...
Да гласаме сите за Силјан на Тамара Котевска Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choi...

Најчитани неделава