Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел)

Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ од Калиопи, а Елвир Мекиќ направи своја верзија на хитот на Драган Мијалковски „Кажи нешто драга“. Кои други познати македонски песни добија нова верзија низ годините?

makedonski-hitovi-koi-dobija-moderna-verzija-prerabotki-koi-ni-budat-nostalgija-vtor-del-01.jpg

Песните кои ни будат носталгија по едни поинакви музички времиња секогаш ги слушаме со задоволство. Ја сакаме оригиналната мелодија, бојата на гласот на оној што ја испеал, нè наежува неговата емоција...

Но, и новите верзии на песните живеат, а помладите генерации кои се навикнати на нив многупати тврдат дека токму таа песна е подобра од старата...

Па така, Брејк и Кристина Арнаудова ја преработија „Ако не исчезнам“, песната што Маријана и Росана ја испеаја со Тоде Новачевски, а Брејк ја препеа и „Лебедот бел“ од Пере.

Кои познати хитови кои ги сакаме добија нова верзија? И која од двете ви се допаѓа повеќе?

„Остани во мене“ - Калиопи vs. Наде Талевска и Жак Худек

„Кога сонце грее плачам“ - Љупка Најдановска vs. Љупка Најдановска и Ламбе Алабаковски

„Зошто баш ти“ - Ноне Неделковска vs. Александра Јанева

„Дејгиди луди млади години“- Александар Сариевски vs. Ламбе Алабаковски

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Првата песна на Тамара Волческа на македонски јазик - „Место од спомени“ На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прв...
Белорусинка пее песна од Тоше Проески: „Љубовта ме донесе во Македонија“ „Се вљубив во песната првиот пат штом ја слушнав. Не знаев многу за пејачот, но ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg