Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии?

Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на песната „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски, а Игор Џамбазов ја преработи „Жаклина“ од Цане Николовски. Кои други познати песни добија нова верзија?

prerabotki-na-makedonski-pesni-koi-budat-nostalgija-koi-hitovi-dobija-moderni-verzii-01_copy.jpg

Многу стари песни ни будат носталгија, особено кога ќе ги слушнеме во нова верзија. Па, уште ако е песна со која сме растеле, нè разнежува и ни буди убави спомени...

Изминативе години слушаме многу преработки на познати македонски песни. Последна во низата е новата верзија на хитот „Магија“, што сега го испеаја Јован Јованов и Пајак, а која оригинално беше изведена (и победи) на Макфест во 1998 година. Песната тогаш ја пееше групата „Магија“, во која, исто така, членуваше Јован Јованов.

Преработки на познатите македонски хитови има и Каролина Гочева, која ја испеа „Ако згрешам нека изгорам“. Кавер на оваа песна за шоуто „Пинкови ѕвездички“ направи и Антониа Гиговска.

Легендарната „Молитва“ од Виолета Томовска ја препеаја Eye Cue, а најголемата асоцијација за Велигден, песната „На Велигден“ веќе не се врзува само за Џина Папас Џокси, туку и за Ламбе Алабаковски.

Кои познати песни добија нова верзија?

„На Велигден“ - Џина Папас Џокси vs. Ламбе Алабаковски

„Магија“ - „Магија“ vs. Јован Јованов со Пајак

„Молитва“ - Виолета Томовска vs. Eye Cue

„Ако умрам нека изгорам“ - Пепи Бафтировски vs. Каролина Гочева vs. Антониа Гиговска

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава