Теа Трајковска и Таско со главни улоги во крими-филмот „Сатурн” (видео)

Без дилема Теа Трајковска и Таско го имаа еден од највпечатливите настапи на овогодинешното 39. издание на „Макфест” со нивната одлична композиција „Сатурн”.

tea-trajkovska-i-tasko-so-glavni-ulogi-vo-krimi-filmot-saturn-video-01.JPG

Имено, Теа и Таско во културниот дом „Ацо Шопов” се појавија одлично стилизирани, а публиката во салата се изненади кога на сцената покрај нив застанаа и специјалци во маскирни униформи.

За потребите на нивната песна, двајцата млади пејачи изминатиот период снимија и доста интересен спот, поточно сцените во него се како од акционен филм во кој Теа и Таско беа главните улоги.

tea-trajkovska-i-tasko-so-glavni-ulogi-vo-krimi-filmot-saturn-video-05.JPG

Нивната спојка предизвика доста интерес во јавноста, а како дошло до тоа и колку се задоволни, откриваат токму тие.

„Со Таско нѐ спои 'Сатурн' а идејата и одлуката да учествуваме на 'Макфест' беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше самата песна кога ја поставивме во студио со Лазе. За спотот сакавме да излеземе малку од комфорт зона и да направиме нешто покреативно. На крај излезе мало крими филмче и мислам дека со Таско создадовме нешто различно од се што сме работеле претходно индивидуално. Веруваме дека публиката ќе го препознае во песната тоа посебно нешто што нас двајца не освои кога ја создававме” - открива Теа. 

tea-trajkovska-i-tasko-so-glavni-ulogi-vo-krimi-filmot-saturn-video-02.JPG

„Сакам да кажам дека ми е огромно задоволство што направивме одлична соработка со Теа. Од студио до снимање на спотот имавме многу добра енергија, и едноставно кликнавме за овој проект. Се надевам на уште соработки во иднина, а оставам сега на публиката да одлучи дали проектот е добар или не” - кратко изјави Таско.

tea-trajkovska-i-tasko-so-glavni-ulogi-vo-krimi-filmot-saturn-video-03.JPG

Инаку песната се правеше во студиото на Лазар Цветковски, кој впрочем се потпипува како автор на музиката и аранжманот, додека текстот е заедничко дело на Теа и Таско.

tea-trajkovska-i-tasko-so-glavni-ulogi-vo-krimi-filmot-saturn-video-04.JPG

Како резултат на одличната соработка и двајцата не ја исклучуваат можноста за повторно да се спојат и во иднина…

А, сега погледнете го спотот за “Сатурн” и уживајте во овој мал крими-филм.

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска повторно емотивна во својата музика - „22“ е нова песна на пејачката Со новата песна „22“, Теа Трајковска ни отвора еден искрен и топол простор, мест...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...

Најчитани неделава