„Во туѓина“ на Јоце Панов ја „здогледа“ светлината на денот

Еден од најактивните пејачи на македонската естрада, Јоце Панов, во месец ноември најави дека поминува доста време во студио подготвувајќи нова песна која треба наскоро да биде презентирана пред публиката.

vo-tugjina-na-joce-panov-ja-zdogleda-svetlinata-na-denot-01.jpg

Како вети, така и направи, песната „Во туѓина“ ја здогледа светлината на денот и е објавена на официјалниот YouTube канал на овој македонски пејач.

Песната има и српска верзија со наслов U tudjini.

Јоце Панов вели дека ова е проект на кој интензивно работел последниот период со голема љубов и ентузијазам.

vo-tugjina-na-joce-panov-ja-zdogleda-svetlinata-na-denot-02.jpg

„На мојата публика која ме следи повеќе од дваесет години со оваа песна и дарив дел од својата душа. Ова е мелодија која содржи бура од емоции, копнеж, страст, тага, болка...“

Од ПР Тимот велат дека спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

„Нема жена како тебе“ на Јоце Панов ја здогледа светлината на денот „Нема жена како тебе“, новата песна на Јоце Панов предизвика голем интерес кај п...
„Жено вистинска“ на Јоце Панов Иако е во екот на најголемите подготовки за претстојниот концерт кој ќе се случи...

Најчитани неделава