„Жено вистинска“ на Јоце Панов
Иако е во екот на најголемите подготовки за претстојниот концерт кој ќе се случи на 18 март во македонска филхармонија, Јоце Панов не престанува да изненадува.

Овој пат сподели кратко видео ке може да го погледнете тука на своите социјални мрежи во кое најавува уште еден сингл насловен „Жено Вистинска"
На радост на својата публика, Јоце не престанува да работи на нови проекти. За оваа песна најавува дека премиерно ќе ја изведе на својот концерт, за кој од ПР Тимот велат дека после минатогодишниот одговорноста е уште поголема, а очекувањата на публиката реално високи.
Нам ни останува да видиме во овој креативен музички залет со што ново Јоце ќе не изненади до датата на концертот