Џокер има нова песна: „Ме одбија на Макфест, но по секоја цена сакав да ја издадам“
„Интересно за песнава е што првично имаше намена - беше спремана за на Макфест, но за жал не помина на конкурсот. Но, одлучив по секоја цена да ја сработам, па малку скршнав од патот што ми беше испланиран. Се надевам не погрешив, нели, секое лошо за добро е“, вели Роберт Спасенцовски Џокер за CRNOBELO.com.

Роберт Спасенцовски - Џокер денес ја промовираше новата песна „После 12“.
Тој самиот е автор на текстот и аранжманот и првпат се појавува во улога на продуцент.
За песната сними интересен спот во негов стил, кој за кратко време доби одлични коментари.

За CRNOBELO.com, пак, Џокер ја раскажа приказната која стои зад песната:
„Песната ја работев сам и кога велам сам, мислам на тоа дека првпат стојам целосно сам зад текстот, аранжманот,миксот и мастерот.
И претходно сум работел сам, но не и на финалниот исход, па овој пат сум и во улога на продуцент.

Инаку, интересно за песнава е тоа што првично имаше намена, беше спремана за на Макфест, но за жал не помина на конкурсот.
Но, одлучив дека по секоја цена сакам да ја сработам и да ја пласирам.
Имав други планови за тоа што следно сакам да извадам, но можда тоа што ме вратија од фестивалот направи едноставно да посакам токму неа да ја промовирам прва, па малку скршнав од патот што ми беше испланиран.
Се надевам не погрешив, нели, секое лошо за добро е.

Видеозаписот го работеше Дарко Јовановски со Кристијан Теодоров.
На сет беше сè добро организирано искрено, и многу сме задоволни од тоа каков проект добивме“.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело