12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена (видео)
„Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воодушеви регионот со својот талент. На само 12 години таа совршено пее, глуми и буквално доминира со сцената. Запознајте ја малата Дарија Суботиќ од Белград!

Дарија Суботиќ од Белград е 12-годишно девојче кое настапи во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ и го воодушеви жирито.

Нејзиниот талент за музика, глума и изведба е нешто што ретко се гледа, особено кај дете на оваа возраст.

Таа веќе е буквално оформен пејач, коментираа членовите на жирито, а највосхитена беше Јелена Карлеуша.



Инаку, водителката потоа откри дека Дарија всушност веќе е млада актерка и пејачка, која досега се има појавено во детски музички натпревари, но и настапува во театарот Одеон во Белград, каде има улоги во детски претстави.
Погледнете го нејзиниот настап во „Пинкови ѕвезди“:
С. С. | Црнобело