Филип Ангов се врати на сцената нова песна и спот

Македонскиот талентиран пејач Филип Ангов по кратката пауза се врати на сцената и на јавноста и ја претстави својата најнова песна „Кино“ снимена во модерен ритам.

filip-angov-se-vrati-na-scenata-nova-pesna-i-spot-01.JPG

Домашната јавност, Филип го запозна преку неговите настапи во најголемите локали и ноќни клубови низ Македонија, но и преку неговото учество во популарно регионално шоу за модерна музика „Ај-Ди-Џеј шоу“ кое кај нас се емитува на Сител ТВ.

Музиката, текстот, аранжманот, микс и мастерот на „Кино“ се дело на Андрејник, додека екранизацијата ја направи Томислав Живковиќ.

filip-angov-se-vrati-na-scenata-nova-pesna-i-spot-02.JPG

- Инспирацијата за песната „КИНО“ беше од оние ситуации кога љубовта станува игра, кога често има повеќе прашања отколку одговори. Се работи за релации полни со страст, инат и неизречени емоции, каде што вината често се бара на погрешно место, а лагата понекогаш се прифаќа полесно од вистината. Сакав да доловам чувство како од сцена во филм – интензивно, вистинито и со доза на тага, ама и со храброст. Музиката и текстот се создадени да звучат модерно, но и емотивно – за сите што барем еднаш се нашле во ваков филм. Кога го слушнав демото во студиото кај Андрејник, веднаш знаев дека е тоа. Песната ја снимивме за два дена. Спотот го режираше Томислав Живковиќ и го направи целото искуство незаборавно и ѝ даде на песната моќна слика што совршено ја доловува атмосферата, вели Филип.

filip-angov-se-vrati-na-scenata-nova-pesna-i-spot-03.JPG

Иако од мал пее, Филип Ангов во тинејџерските години се повлекол и вешто го криел својот талент. Во текот на пандемијата и деновите затворени во карантин започнува да пее во живо на социјалната мрежа Инстаграм и таму добива неочекувана огромна поддршка. Оваа поддршка резултира со силна мотивација повторно да се врати на сцената и тогаш заедно со својот другар, денес професор по пијано, да формира бенд и настапува ширум целата територија на Македонија.

Во наредниот период јавноста ќе види и слушне уште неколку нови проекти од овој млад и талентиран пејач, а до тогаш, слушнете ја „Кино“.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Филип Николовски уште еднаш покажа дека „нема лоша судбина, ако песната другар ти е“ во - „Срце ми е... Се сеќавате ли на моментот кога на последниот голем концерт на групата „Меморија...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава