Песната Heavenly на Четкар од 2013 година доби ремикс и повторно го освојува светот (видео)
Песната Heavenly, која нашиот џез-музичар Владимир Четкар ја сними во 2013 година, доби нова верзија, направена од познатиот Dr. Packer.

Владимир Четкар е повторно актуелен на светската музичка сцена, овој пат со песна која ја сними пред 12 години - Heavenly.
Песната, во ново руво, со ремикс направен од Dr. Packer, веќе се пушта во Австралија, а наскоро ќе биде дистрибуирана ширум светот.

„Досега Dr. Paker направи 4 ремикси на мои песни, а ова е петтиот. Претходно беа песните Don’t Make Me Wait, Ohrid, We Will Never End и Time Goes By.
И сите овие ремикси добија поддршка од големи светски диџеи и продуценти.
Но, интересно за Heavenly е што се издаде на крајот на 2013 на повеќе територии од многу музички куќи - во Јужна Кореа, Тајланд, Јапонија, Малезија, Италија, Унгарија и секаде имаше одлични реакции.

Тоа е единствената песна од македонски автор која беше официјален хит во земји надвор од Балканот, беше хит на радија во Унгарија, во Италија, а во Јапонија се најде на листата топ 40 песни од странски изведувачи.
Ова се надевам ќе е поттик за децата, кои треба да мислат подалеку од регионот и кои со добар продукт ќе отидат низ целиот свет“, вели Четкар.