Најновиот ремикс на Владимир Четкар и диџејот Доктор Пакер се најде на врвот на листите на светските платформи
Најновата соработка на Владимир Четкар е со Доктор Пакер, кој моментално е еден од најценетите диџеј-продуценти во светот.

Станува збор за нови ремикси на авторската песна на Четкар 'Heavenly' од страна на Доктор Пакер.
'Heavenly' беше оригинално издадена во 2014 на истоимениот албум на Четкар и своевремено стана хит во Македонија но и во повеќе земји надвор од балканските граници меѓу кој Унгарија, Италија и Јапонија.

Во тој период легендарниот француски продуцент Димитри Од Париз исто така направи свој ремикс на оваа песна.

Новиот ремикс на 'Heavenly' веднаш се искачи на врвот на листите на популарната музичка платформа TRAXSOURCE a австралиското Street Sound Radio и англиското Solar Radio веќе ја прогласија за песна на неделата.
