Браво! Женски хор од Шведска воодушеви со песна од „Леб и сол“ на концерт, звучат одлично (видео)
Женскиот хор „Hor Bratstva i Djetinstva“ (во кој членува и еден маж), е оформен од познатата пејачка и композитор Кристина Ковач, а името го добил благодарение на македонски музички новинар.

Во Стокхолм, Шведска пред неколку години е формиран женскиот хор „Hor Bratstva i Djetinstva“, а идејата за неговото постоење е на познатата српска пејачка и композиторка Кристина Ковач, ќерката на легендарниот Корнелије Ковач.
Во хорот членуваат 52 луѓе, 51 жена од различни националности, на различна возраст, претежно од 40 до 50 години, и само еден маж.

Кристина, која живее во Шведска, со хорот има бројни концерти, а во моментов организира и аудиции за нови членки.

А на своите концерти, покрај другото, тие ја пеат и „Скопје (има микро клима)“ од нашите „Леб и сол“ и звучат одлично.

Интересно е што во едно од своите неодамнешни интервјуа Кристина открила дека името „Hor Bratstva i Djetinstva“ настанало благодарение на нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, македонскиот новинар Иван Бечковиќ.

На еден од нивните концерти, со хорот пееше и актерот Никола Којо.

Кликнете за да ги погледнете видеата од неговите настапи:
А. Ј. | Црнобело