Антониа и Благица Павловска ја препеаја легендарната „Чукај, чукај“ - сопругот на Гиговска специјален гостин
„Гушкајте се, простувајте, смејте се повеќе… додека срцето чука - имаме сè. „Чукај, Čukaj“ е за сите вас. Пуштете ја гласно и живејте со срце. Еднаш се живее… нека вреди“, напиша Антониа по промоцијата.

Антониа Гиговска пред неколку дена го најави дуетот со Благица Павловска, а вчера (19.04) го промовираше спотот за песната.

Станува збор за нова, поинаква верзија на легендарната „Чукај, чукај“, која Благица ја испеа пред неколку децении.

Во песната, како специјален гостин се појавува Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа.

Тој беше најавен како гостин изненадување, со скриен лик, а Антониа бараше од своите следбеници да погодат за кого станува збор.

„Гушкајте се, простувајте, смејте се повеќе… додека срцето чука - имаме сè. „Чукај, Čukaj“ е за сите вас. Пуштете ја гласно и живејте со срце. Еднаш се живее… нека вреди“, напиша Антониа по промоцијата на спотот.

А во видеото, Благица, Роберт и Антониа се насмеани, расположени и разиграни, токму како што гласи и пораката што ја испраќа песната.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело