Познати обработки на песни од помалку познати автори

За многу познати песни кои сте ги слушале или за кои сте слушнале веројатно им ги знаете авторите. Исто така постојат препеани песни, за кои, исто така знаеме дека не се оригинални верзии.

Poznati-obrabotki-na-pesni-od-pomalku-poznati-avtori

Но, што се случува кога ќе дознаете дека и т.н. оригиналната верзија на одредена песна, всушност не е оригинална верзија?

Ова се неколку познати обработки од помалку познати автори:

Piece of My Heart, Emma Franklin

Во 50-те и 60-те години имаше многу малку познати R&B песни. Можете ова да му го припишувате на американското општество и расните ставови во тоа време. Како и да е, оваа песна била прилично популарна на топ листите, но стана класика кога је обработи Џенис Џоплин.


Twist and Shout, Top Notes

Оригиналната верзија од Top Notes не стана популарна, сè додека не ја обработиле Битлси.


Killing Me Softly with His Song, Lori Lieberman

Оваа песна има многу обработки, од Роберта Флек, Лорен Хил до групата Fugees. Сепак, оригиналната верзија ја напиша Лори Либерман, во стилот на кантри музика на 70-те.


Tainted Love, Gloria Jones

Оваа песна не била популарна во Британија во клубовите за време на 70-те години. Стана популарна дури кога ја обработи бендот Soft Cell.


I Love Rock and Roll, Arrows

Покрај познатата обработка од Џоан Џет, песната исто така беше обработена од страна на Бритни Спирс и Кристен Виг.

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова ера на Фрајле По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле вл...
Битолски Камерен Оркестар станува Битолски Оркестар DIVA – нова ера на битолската музичка приказна На 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, градот ја прослави само својат...
Изненадувачка фотографија од Сара Мејс и Стефан Николовски: Ептен блиски и се „валкаат“ во брашно Сара Мејс е многу блиска со Стефан Николовски, познат актер, стендап комичар и е...
Горан Тонев, преживеаниот гитарист од ДНК, објави песна снимена пред трагедијата: „Не бев подготвен ... „Песната ја снимивме само неколку дена пред да се промени сè... Остана необјавен...
Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 год...
Атрактивната Симона Поповска со слика на хаотична убавина, живот обоен од емоции и страсти промовира... Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, ко...

Најчитани неделава