Горан Тонев, преживеаниот гитарист од ДНК, објави песна снимена пред трагедијата: „Не бев подготвен да ја споделам“
„Песната ја снимивме само неколку дена пред да се промени сè... Остана необјавена, како дел од мене што не бев подготвен да го споделам“ - напиша младиот гитарист Горан Тонев и ја сподели својата нова песна, со што го најави своето враќање на музичката сцена.

Младиот гитарист Горан Тонев, кој на кобната вечер на 16 март 2025 настапуваше заедно со групата ДНК, го преживеа пожарот и неколку месеци се бореше за својот живот.
По престојот во болница во Скопје, беше префрлен во Солун, каде персоналот го гледал како свое дете, а тој им е вечно благодарен што се грижеле толку добро за него.

Откако закрепна од повредите и изгорениците на дишните патишта, Горан Тонев собра сили повторно да се врати на музичката сцена.

На социјалните мрежи тој ја сподели веста дека објавил нова песна, која била снимена само неколку дена по трагедијата.
Во описот на објавата Горан напиша:
„Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна.
„Да си со мене" која ја снимивме со Јордан Манов само неколку дена пред да се промени сè...
Песната остана необјавена — како дел од мене што не бев подготвен да го споделам.
Благодарен сум на Бога што ја имам оваа прилика да продолжам понатаму.
Денес, со посебна емоција, ја споделувам со вас и воедно го најавувам моето враќање на музичката сцена.
Ви благодарам!
Музика: Горан Тонев, Јордан Манов
Текст: Весна Малинова
Аранжман: Јордан Манов
Видео: Стефан Катранџиски“.
Слушнете ја новата песна на Горан:
M. M. | Црнобело