„Candle in the Wind“ на Елтон Џон во спомен на принцезата Дијана - кому се посветени светските хитови?

Секој од нас има своја омилена песна, песна чии ноти преплетуваат спомени за некоја личност или време и едноставно ја чувствуваме како своја.

Candle-in-the-Wind-na-Elton-Dzon-vo-spomen-na-princezata-dajana-komu-se-posveteni-svetski-poznatite-hitovi 01 630x340.jpg

Неретко се случува токму истата или пак некоја друга да ја посветиме некому.

Знаете ли дека некои од вашите омилени песни можеби се напишани и испеани со посвета кон најблиските на пејачите или пак во сеќавање на некои од починатите ѕвезди?

Во продолжение ви издвојуваме десеттина од нив:

„Bound 2“ -  Канје Вест

Еден од најпознатите рапери во светот, Канје Вест, ја покажа својата „мека“ страна кога во 2013 година објави љубовна песна посветена на неговата сопруга, Ким Кардашијан.

Најистакнат стих, за кој во тоа време особено се „крена прашина“ е: „Една добра девојка е вредна за милион ку*ки!“

Двајцата заедно се појавуваат во неговиот видео запис.

„Candle in the Wind“ – Елтон Џон

Веројатно, станува збор за една од најемотивните песни досега напишани.

Елтон Џон направи преработена верзија од ова негово ремек-дело од 1973 година, во спомен на покојната принцеза Дајана, по нејзината трагична смрт во 1997 година.

Песната стана национална химна откако Елтон ја испеа на нејзиниот погреб и веднаш се искачи како број еден, на листите во неколку држави.

Исто така, оваа песна официјално е наведена како втор најпродаван „сингл“ на сите времиња.

„God Made You Beautiful“ – Бијонсе

Кралицата на поп музиката напиша песна која ја посвети на на својата ќерка, Блу Ајви.

Во неа се слушаат „примероци“ од гласот на младото девојче.

Еден од најтрогателните стихови кои Бијонсе ѝ ги посвети на нејзината сега осумгодишна ќерка е:

„Секој ден се чувствувам толку благословено што гледам во тебе, бидејќи кога ќе ги отвориш очите, чувствувам дека сум жива“.

„All of Me“ - Џон Леџенд

Оваа љубовна балада е напишана во чест на неодоливата сопруга на Џон Леџенд, Криси Тејген, а парот на извонреден начин ја покажа нивната љубов и поврзаност во нејзиното музичко видео.

„Just The Two Of Us“ - Вил Смит

Оставајќи свој печат на класиката на Бил Витхерс од 1981 година, Вил Смит му оддаде почит на неговиот најстар син Треј во неговата песна „Just The Two Of Us“, во 1997 година.

Песната ја „зачинува“ симпатичното видео кое ја покажува силната врска на таткото и синот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg