Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН

(06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот свет“, на неговиот роденден. 

promocija-na-nova-pezna-i-video-spot-na-darko-andonov-aka-daan-01.png

„Најпрвин да Ви се заблагодарам за вниманието и едно големо браво за Вас што овозможувате да ја промовираме нашата новокомпонирана македонска музика. Само со поголема поддршка од сите медиуми, МАК музиката може да стигне до нивото кое го заслужува.

Јас сум Дарко Андонов aka ДААН, псевдоним кој од пред некое време го користам како уметничко име, а истовремено е и назив на моето музичко студио DAAN MUSIC PRODUCTION (https://www.daan-music.com/ ), во кое работам и творам како текстописец, аранжер и сертифициран Cubase продуцент.

Исто така сум и вокален солист повеќе од 20 години со повеќе песни зад моето име, изведувани на фестивали, настани или преку ТВ и радио станиците.

Иако моето искуство е многу поголемо, на музиката професионално и се вратив пред едно 3 години, најпрвин со едно добро скоцкано домашно студио, а од пред некоја недела веќе и во ново професионално студио, со top of the line опрема и одлични услови за креирање на музика.

Целта на моето враќање беше едноставно желбата која тлееше во мене, но од одредени причини беше потисната повеќе од 10 години. Меѓутоа едноставно мораше да дојде момент да избие на површина, да се поклопат одредени настани и да се створат услови за тоа што го сакам да може и професионално да го работам повторно, сега на уште повисоко ниво и со компонирање и продукција.

Во фокусот на овој наш разговор е промоција на мојата нова песна и видео спот за темата “Мојот свет” која беше промовирана на 06 Септември, односно денот на моето раѓање. 

Автор на музиката и текстот сум јас, додека аранжманот го работевме заедно со мојот долгогодишен пријател и соработник Кире Јакимов кој исто така работеше и на миксинг и мастеринг за овој музички продукт да звучи вака, за што сум му благодарен.

Претпоставувам дека слушателите ќе ги интересира која е пораката на самата песна и од каде ја добив инспирација да го напишам текстот.

promocija-na-nova-pezna-i-video-spot-na-darko-andonov-aka-daan-02_copy.png

Многумина би помислиле дека ова е љубовен текст и на таков начин би ја почувствувале, но сепак пораката е многу по опсежна и поширока.

Живееме во едно специфично време каде што вистинските вредности се сѐ повеќе потиснати од алчноста, себичноста и специфичниот начин на новото модерно живеење, во што голема улога имаат политиката, социјалниот немир меѓутоа и социјалните мрежи, без кои нормално веќе не можеме да функционираме.

Ова беше главната причина да пренесам една порака преку мојата музика дека сите заедно треба со наша “Акција” да придонесеме за некаква “Реакција” и “Овој свет” да го направиме поубаво место за живеење, а “Нашиот свет да нема граница”, со што не мислам на територијална граница, туку на умствени, културолошки и меѓучовечки граници. Ова се мали извадоци од самиот текст кои ја носат главната порака. Препорачувам на слушателите убаво да ја преслушаат оваа моја нова композиција и сигурен сум дека ќе ја сфатат пораката и текстот ќе допре до сите нив.

Во однос на видео записот, целта беше да се направи едно ултра модерно видео кое ќе одговара на модерниот диско ритам на песната, со комбинација од неколку елементи како што се real footage, анимација, лирикс и body art, нешто што досега го немам видено во нашата држава, а може да се каже и пошироко. Самото снимање морам да признаам беше исцрпувачко бидејќи снимавме во затворена просторија повеќе од 12 часа за да може да извадиме само неколку клучни моменти, меѓутоа на крај најбитен е резултатот.

Видео записот го работеше Никола Ивановски (Pixel. ANT Studio) кој што се потруди да ги долови моментите од самиот текст и да ги преточи во едно интересно и динамично видео.

Модел во видеото е Деспина Царева која максимално се потруди да го разубави спотот  и да ги акцентира сите битни моменти во него.

Во однос на периодот кој следи сакам да најавам дека ќе има доста нови проекти од мене како солист, а и како композитор. Моментално работиме на две песни кои ќе бидат во моја изведба, и кои публиката ќе има прилика да ги слушне во брзо време.

Дополнотелно работиме на повеќе проекти кои што се во завршна фаза со млади и талентирани вокалисти кои дел ќе бидат презентирани на јавноста на МакФест 2023, а останатите преку видео спотови ќе бидат промовирани на телевизија, радио, како и на социјалните музички платформи.

Исто така, сакам да истакнам дека како авторски тим заедно со Кире Јакимов имавме песна на ОхридФест 2023 кој што се одржа пред некој ден. Песната е со наслов “Само ти”, а беше изведена од младата Симона Настеска.

Сакам да ја искористам оваа прилика да ги поздравам вашите читатели/слушатели/гледачи и да им упатам порака, да слушаат и подржуваат македонска музика и македонски автори и изведувачи.

Исто така, секој кој сака да придонесе и да помогне музиката која што ја работам да допре до што поголем аудиториум, би замолил да ме заследат на социјалните мрежи, да лајкуваат, шернуваат и коментираат на следните линкови:

ФБ: https://www.facebook.com/daanmusic/

Инстаграм: https://www.instagram.com/daanmusicproduction/

YouTube: //www.youtube.com/@daanmusic-darkoandonov “

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg