D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта”

Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е нивна седма песна по ред, и до овој момент како што е најавено од страна на членовите Синиша и Џејмс, преостануваат уште три песни до нивниот албум првенец.

d-reamers-ja-objavija-nivnata-sedma-pesna-naslovena-mali-neshta-01.jpg

За самата песна да звучи совршено се погрижија Дамир Пух и Наташа Миха каде целата замисла ја пренесоа преку продукцијата на GreenRoom Sound Studio. Спотот е снимен во просториите на Sound Clinic – Скопје, а за видео реализацијата беше задолжен тимот на “ProCam”.

Исто така во самиот видео запис се јавуваат Кирил Билбиловски и Емил Ејупи кои со задоволство ја споделија нивната музикалност во самото издание и придонесоа за еден поинаков концепт од досегашните песни на D’Reamers.

Звукот и стилот на самата мелодија потсетува на сите големи Sanremo хитови кои ги одбележале изминативе декади, преку извонредните можности кои ги нуди современата технологија во музичкиот свет.

D'Reamers ни откриваат дека паралелно со „Мали нешта” се работи и на нивната осма песна по ред, која се очекува во најкус можен рок, а на вас останува да уживате во македонската музика и убавите звуци.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава