Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“

sara mejs vo svezo unikatno i vpecatlivo izdanie za noviot video zapis za pesnata oci vselena 01

Скопје, 30.11.2023Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место.

sara-mejs-vo-svezo-unikatno-i-vpecatlivo-izdanie-za-noviot-video-zapis-za-pesnata-oci-vselena-02.jpg

„Песнава ја напишав и посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, а верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце. Премногу емоции, среќа, светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојот свет ако истото не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата, што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку целото семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, „Бакар боја”, но му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа,“ - вели Сара.

Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски.

sara-mejs-vo-svezo-unikatno-i-vpecatlivo-izdanie-za-noviot-video-zapis-za-pesnata-oci-vselena-03.jpg

Вчеравечер премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“, Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание, а за домашната музичка сцена остави свој оригинален печат. Видео записот го снимаше Томислав Живковиќ, а збогатен е со улогите на девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска. Долгогодишната соработка со ФРАН и овој пат беше полн погодок за стајлинг и шминка,  Hair House за фризура, а од Магнетик се погрижија за гардеробата.

Песната и видео записот се објавени на YouTube каналот на Сара Мејс, уживајте во различниот звук и разнобојниот спот.

„Очи Вселена“ е уникатен спој на посветена мајка и успешна жена.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава