6 години по Калиопи, Лара ја отвора можноста да се слушне македонскиот јазик на Евровизија во Италија

Скопје, 01.02.2022 – Поминаа 6 години откако македонски претставник на Евровизија за последен пат се претстави и пееше на македонски јазик пред европската и светската јавност. Тоа беше Калиопи со македонската изведба на „Дона“ во склоп на Евровизија 2016.

po-6-godini-po-kaliopi-lara-ja-otvora-mozhnosta-da-se-slushne-makedonskiot-jazik-vo-italija-01.jpg

Вчера, пејачката Лара Иванова ги изненади своите фанови и јавност со објавување на lyrics-видео на македонската, а воедно и оригинална  верзија на песната “Flower of sorrow”, со којашто моментално се натпреварува во изборот на македонски претставник на Евровизија 2022. Македонскиот наслов на песната на Лара е „Цвеќе на тагата“, а видеото е достапно на официјалниот YouTube канал на Лара, LARA - Cveke na tagata (Flower of Sorrow - Macedonian lyrics video)  

Видеото прикажува модерен пристап, со препознатлив стил најмногу кога се во прашање lyrics видеата на странските ѕвезди. Веќе се појавија голем број на коментари дека песната звучи уште подобро и помоќно кога е испеана на македонски јазик, како и дека истото овозможува доловување на автентичност на самата песна и пораката што се пренесува.

„Со македонската оригинална верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик, како и дека и јас умеам да пеам и на двата јазици, но дека сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Истото за мене претставува посебна инспирација за интерпретација на емоциите во секоја моја песна.

Не ми е примарна цел, но би сакала секако да победам на Евровизија, но пред сè најважно ми е да добијам шанса достоинствено да ја претставувам Македонија и македонскиот јазик и музика. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија.

Заедно со тимот ќе го слушнеме гласот на публиката и ќе одлучиме околу финалниот настап, секако доколку бидам избрана,” изјави Лара.

po-6-godini-po-kaliopi-lara-ja-otvora-mozhnosta-da-se-slushne-makedonskiot-jazik-vo-italija-02.jpg

Музиката на песната „Цвеќе на тагата“ (“Flower of sorrow) е на Роберт Билбилов, а заедно со Дарко Димитров се вклучува и со заеднички аранжман. Текстот на песната е на Робин Зимбаков.

Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае сè до 04.02.2022 година на следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира:

Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Лара Иванова најавува нова песна и поинаков визуелен имиџ кој носи свежа енергија Лара наскоро ќе ја промовира својата најнова песна со видео запис во модерен виз...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Антониа Гиговска призна дека е „Специјалиста” за кршење на машки срца: Слушнете ја нејзината нова пе... Обично кога е лето и време за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или ре...

Најчитани неделава