Украина е фаворит за победа на Евровизија 2022 (видео)

„Ви благодариме што ја поддржувате Украина“, изјави на крајот од настапот основачот на бендот Олег Псјук и предизвика аплауз за поддршка, но придружен и со солзи поради воената состојба во Украина. Погледнете го енергичниот настап на фаворитите на Евровизија 2022...

ukraina-e-favorit-za-pobeda-na-evrovizija-2022-video-01.jpg

Украинската група „Kalush Orchestra“ со песната „Stefania“ ја претставуваше Украина на првата полуфинална вечер на Евровизија 2022 и успеаја да се пласираат во финале.

Но, украинските претставници не само што се пласираа, туку се и фаворити за победа.

Фолк-рап бендот имаше енергична изведба и ја крена на нозе публиката во Торино.

„Ви благодариме што ја поддржувате Украина“, изјави на крајот од настапот основачот на бендот Олег Псјук и предизвика аплауз за поддршка, но придружен и со солзи поради воената состојба во Украина.

Бендот вели дека се фокусирани да се претстават одлично и во финалето за да докажат дека украинската култура е жива.

Од друга страна, на Русија ѝ е забрането да настапува на Евровизија годинава.

Погледнете го настапот на фаворитите од првата полуфинална ноќ:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставни...
Личната борба ја преточи во песна - Слушнете ја „Молитва” на Ивона Јо (видео) Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна ...

Најчитани неделава