Маријам Мамадашвили од Грузија е победник на детската Евровизија


Маријам Мамадашвили од Грузија е победник на детската Евровизија

17 земји учествуваа со 17 прекрасни песни и млади таленти на 14-от конкурс за избор на најубава детска песна на Евровизија 2016 во Валета, Малта.

marijam-mamadashvili-od-gruzija-e-pobednik-na-detskata-evrovizija-01.jpg

Албанија беше претставена од Кест Кехаја која ја пееше песната „Besoj“. Ерменија ги испрати Анахит и Мери.

Австралија учествуваше по вторпат на натпреварот.

Белорусија го испрати Александар Мијонок. Бугарија која беше домаќин минатата година во Софија, оваа година беше претставена од Лидија Ганева.

Кипар се врати на натпреварот после една година отсуство.

Нашата претставничка, Мартија Станојковиќ, настапи 7-ма.

Грузија ја испрати Маријам Мамадашвили.

Израел беше претставена од Шир и Тим. Италија, која победи на натпреварот последниот пат кога се одржуваше во Малта беше претставена од Фјама Боца.

Земјата домаќин, Малта, беше претставена од Кристина Магрин која настапи со песната „Parachute“.

Полска, после години отсуство, беше претставена од младата пејачка Оливија Виторек. Русија беше претставена од 4 млади девојчиња со песната „Water Of Life“.

Србија ја претставуваше Дуња Јеличиќ со песната „U La La La“. Холандија беше претставена од групата „Kisses“, а Украина од Софија Рол.

Земја победничка на детската Евровизија 2016-та е Грузија:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Белата куќа згрозена од видеото во кое „гола Меланија“ игра пред рапер... Раперот T.I. ја навреди првата дама на САД, Меланија Трамп, во видео спотот во к...