Највпечатливите познати парови кои издоминираа на гламурозен настан во Скопје - Павле и Ирина Камилоски, Тарабунов со девојката
- Детали
- среда, 04 јуни 2025
Пејачот Павле Камилоски дојде во придружба на сопругата, планинарката Ирина Камилоска, Елена Најдоски беше со сопругот Бојан. Кои познати парови се дружеа на гламурозниот настан за венчавки Haute Wed Gala во Скопје?
Во Шато Камник во Скопје, се одржа гламурозниот свадбен настан Haute Wed Gala - вечер со многу мода, музика, вино, детали поврзани со свадбите и дружење меѓу гостите.
Настанот, во организација на Atelier Per Sempre, на едно место собра многу познати личности, пријатели, деловни соработници, а со една цел - на зајдисонце да ја почнат ноќта посветена на венчавките и сè поврзано со најубавиот ден на секој пар.
Во двете големи модни ревии, уживаа голем број гости, а меѓу нив и неколку познати македонски парови, но и јавни личности кои беа дојдени во пар со свои пријатели.