Елена Најдоски блеска покрај сопругот, Калтрина во впечатлив фустан со пердуви - Што облекоа познатите Македонци на Haute Wed Gala?
Гламур, зајдисонце, прекрасна музика и атмосфера на првата Haute Wed Gala што се одржа во Шато Камник во Скопје. Што облекоа познатите Македонци за овој моден настан?
Вчеравечер во Шато Камник се одржа Haute Wed Gala, гламурозен настан посветен на венчавки, а организиран од Atelier Per Sempre и Signori.
Во прекрасната атмосфера која почна на зајдисонце и траеше до доцна во ноќта, двата бренда пред своите гости ги претставија своите најнови колекции - Atelier Per Sempre промовираше венчаници и свечени фустани, додека Signori се претстави со својата колекција машки костуми.
Гостите ги забавуваа Полина Тасева и Калина Велковска, камерниот состав на Пламенка Трајковска, како и саксофонистот Стефан Неделковски.
А во публиката беа и многу познати Македонци, кои со својот впечатлив стил, го разубавија настанот.
Елена Најдоски избра црн фустан со длабоко деколте и блескаше покрај сопругот Бојан. Ирина Камилоска избра црвен фустан во форма на сирена, а нејзиниот сопруг, пејачот Павле Камилоски носеше црн елегантен костум.
Калтрина Круезиу избра жолта впечатлива креација со пердуви, Мартија Станојковиќ се реши за црвена креација во два дела и длабоко деколте.
Погледнете како се дотераа познатите Македонци за Haute Wed Gala:
Мартија Станојковиќ
Елена Најдоски со сопругот Бојан
Калтрина Круезиу и Бојан Ковски
Полина Тасева
Павле и Ирина Камилоски
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





