Македонскиот Аполон е избран за маж со најубаво тело, на светскиот избор за топ-модели Manhunt 2025
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
Македонскиот модел Матеј Павловски, кој денес се натпреварува на изборот за најдобар светски модел, Manhunt 2025, дома ќе си дојде со најмалку една титула - модел со најубаво тело.

Нашиот Матеј (24), кој со право го доби прекарот македонскиот Аполон, е избран за маж со најубаво тело на светскиот избор за модели, Manhunt 2025, кој се одржува во Бангкок.

Матеј, кој е член на модната агенција Max Models, ја доби наградата во конкуренција на 37 модели од целиот свет.
Според предвидувањата, Матеј е и меѓу најголемите фаворити да освои една од титулите, а на Инстаграм типувањата е во топ 5 модели во скоро сите анкети.
Финалето на изборот се одржува денес, а Матеј е единствениот претставник од Балканот и еден од малкутемина претставници од Европа.
За тоа како бил избран за македонски претставник на ова натпреварување, за CRNOBELO.com тој кажа:
„Бев пријатно изненаден кога го забележав отворениот повик за дури пет престижни интернационални машки избори, за кои од годинава лиценците ги поседува господинот Шаќир Села, организатор на изборот за Мис на Македонија и сопственик на познатата агенција Daman во Истанбул.
Веднаш испратив свое портфолио со фотографии и видеа, а на мое големо изненадување, уште побрзо добив позитивен одговор на пријавата.
Бев повикан на разговор каде официјално ми беше потврдена одлуката на целиот тим да ја претставувам Македонија, а потоа заминав на финални подготовки во Турција.
Чест ми е што сум македонски претставник на Manhunt International, најстариот глобален избор за мажи, избор со најдолга традиција“.