Франција победи на Јуниор Евросонг 2025, нашата Нела заврши на 7-мо место (видео)
- Детали
- сабота, 13 декември 2025
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.

Нела го освои 5-тото место од жирито, но 7-мо од вкупниот број на гласови заедно со публиката на овогодинешниот Јуниор Евросонг.
Oд жирито доби 92 гласа, а победник е Франција со песната Ce Monde, со 152 гласа од жирито и 96 од публиката.

Од публиката Албанија доби 85 поени и брзо дојде на второто место, Украина доби 98 поени и се искачи на првото место, а Македонија 49 поени.
Грузија на 121 глас од жирито доби 54 поени од публиката, со што се пласираше на второто место по Украина, но Франција убедливо ги надмина и ја доби победата, а на вкупно 152 гласа од жирито, публиката додаде уште 96 поени.
Нела изгледаше одлично на сцената, испеа моќно, сигурна во себе. А со изгледот, потсетуваше на вистинска самовила.

Таа ја испеа песната Miracle што за неа ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски, а по настапот доби силен аплауз од публиката.
Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласајте за нашата самовила (видео)
На изборот, што годинава се одржа во Тбилиси, учествуваа натпреварувачи од 18 земји.

Досега најдобриот пласман на Македонија на Јуниор Евросонг е 5-тото место, а дури деветпати сме биле 12-ти.

Погледнете го видеото од настапот на победничката:
А. Ј. | Црнобело