Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласајте за нашата самовила (видео)
Со моќна изведба на песната „Miracle“, со својот волшебен глас и самовилски изглед, Нела ја освои сцената додека ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросонг - погледнете го нејзиниот настап и гласајте за неа.

Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Нела е вистинско чудо од дете, со својот волшебен глас и самовилски изглед.
Таа освои на евровизиската сцена, испеа моќно и сигурна во себе.

Песната Miracle, што за неа ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски, има силна и инспиративна порака - дека сите носиме светлина во себе, а по настапот доби силен аплауз од публиката.
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји, а по крајот на последната изведба, повторно се отвора гласањето на овој ЛИНК и може да гласате за нашата претставничка.
Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови).
Погледнете го нејзиниот настап:
Следете во живо:
М. М. | Црнобело
